Прецизност и конзистентност во печатењето
Кога зборуваме за печатење, бојата не е само визуелен елемент. Таа е важен дел од идентитетот на брендот. Но, постигнувањето иста боја не е секогаш едноставно. Резултатот може да се разликува во зависност од техниката на печатење, материјалот, видот на хартијата и начинот на кој е дефинирана бојата.
Токму затоа во графичката индустрија се користи Pantone Matching System (PMS) – стандардизиран систем кој овозможува прецизна репродукција на боите.
Што се Пантон бои?
Пантон боите се дел од стандардизиран систем познат како Pantone Matching System (PMS), кој служи како универзален „јазик“ за комуникација на боја помеѓу дизајнери, печатници и производители.
Секоја боја во овој систем има свој уникатен код, што овозможува истата нијанса да се репродуцира точно, без разлика каде и како се печати.
Ова е особено важно кај логоа и други препознатливи елементи на брендот, каде и мала промена во нијансата може да биде забележлива.


Како функционираат Пантон боите?
За разлика од печатењето во CMYK, каде што боите се создаваат со растерско комбинирање на четири процесни бои – цијан, магента, жолта и црна, пантоните се печатат како посебно подготвени мастила. Поради тоа, одредени нијанси на бои можат да бидат почисти, поинтензивни и позаситени од нивната најблиска репродукција во CMYK.
Ова е особено забележливо кај одредени силни портокалови, зелени, сини и други интензивни нијанси, како и кај флуоресцентните и металик боите.
CMYK и Пантон колорните системи можат да се користат и во комбинација. На пример, фотографиите можат да се печатат во CMYK, а логото или карактеристичната корпоративна боја како дополнителна Пантон боја.

Влијанието на материјалот
Дури и кога се користи Пантон боја, нејзиниот визуелен изглед може да се разликува во зависност од хартијата на која се печати. Истата боја на премачкана (coated) хартија најчесто изгледа поинтензивно и поживо, додека на непремачкана (uncoated) хартија може да изгледа помеко и помалку заситено, бидејќи мастилото поинаку се однесува на површината и повеќе навлегува во структурата на хартијата.
Затоа, кога е потребно визуелно да се добие што е можно послична боја на премачкана и непремачкана хартија, не мора секогаш да се користи истиот код на Пантон. Може да се избере друга нијанса која на конкретниот материјал ќе даде визуелно поблизок резултат.
Кога да користите Пантон бои?
Пантон боите се најдобар избор кога:
- бојата на брендот мора да биде 100% точна;
- сакате максимална конзистентност;
- користите специфични или уникатни нијанси кои тешко се постигнуваат со CMYK;
- се користат специјални металик или флуоресцентни бои.


📩 Потребна ви е помош?
Во Пропоинт, ќе ви помогнеме да го изберете правилниот колорен систем за вашиот проект и да обезбедите точен и професионален резултат во печатењето.
👉 Контактирајте нè за совет или понуда.