години искуство и постојана иновација
Повеќе од печатница – партнер во создавањето на вашиот бренд.
Имаме одлично искуство од соработката, која се одликува со висок професионализам, почитување на роковите и врвен квалитет на изработка на печатените материјали. Тимот е с...
Тони Савески
ТИКВЕШ
Од идеја до готов производ.
Сѐ под еден покрив.
Печат што остава впечаток.
Од етикети и амбалажа до книги и промотивни материјали – погледнете дел од производите што ги изработуваме за нашите клиенти.
Повеќе од 1000 задоволни клиенти кои работат со Пропоинт
Што велат нашите клиенти.
30 години искуство
Три децении успешно ги претвораме идеите во производи со врвен квалитет, прецизност и внимание кон секој детаљ.
Современа технологија
Постојано инвестираме во нова опрема и технологии што ни овозможуваат поголеми можности во печатењето и доработката.
Сигурен партнер
Од идеја до финален производ, нудиме професионална поддршка, навремена испорака и решенија прилагодени на потребите на секој клиент.
Имате прашање?
Јавете ни се
+389 2 306 3875Немаме минимална количина на нарачка. Нудиме изработка и на мали и на големи тиражи. Потребно е да се има предвид дека кај помалите количини цената по парче е повисока, додека кај поголемите тиражи производството е поекономично.
За да добиете понуда, испратете електронска пошта на propoint@propoint.com.mk, во којшто ќе ја наведете количината која сакате да ја нарачате, материјалот и доработките (пластификат, лак, 2Д или 3Д ув лак, прег, топлотисок со фолија...)
Лакот се нанесува како тенок заштитен или декоративен слој директно врз печатот, додека пластификатот претставува тенок филм кој дополнително ја штити површината и создава различен визуелен и тактилен ефект.
Да. Повеќе техники можат да се комбинираат за да се постигне посебен визуелен и тактилен ефект. Изборот на комбинацијата зависи од производот, материјалот и посакуваниот изглед.
Некои техники бараат дополнителни производствени чекори, па можат да влијаат на рокот на изработка. При секој проект однапред ве информираме за времето потребно за производство.
Да. Пред започнување на производството се проверуваат основните технички параметри, како димензии, бои, резолуција, фонтови, обрез и поставеност на елементите.
Во зависност од видот и обемот на грешките, нашиот тим може да изврши технички корекции или да ви даде насоки што треба да се промени. Поголеми дизајнерски интервенции се договараат дополнително.
Основните правила се слични, но техничките барања може да се разликуваат според машината, форматот, материјалот и доработката. Затоа секој фајл се проверува според конкретниот производствен процес.
ул. 1520 бр. 12-а, Пинтија, 1000 Скопје
Тел: +389 2 306 3875 Електронска пошта: info@propoint.com.mkПишете ни.
Следниот впечатлив проект може да биде вашиот.


