На денешниот конкурентен пазар не е доволно производот да биде квалитетен. Тој мора да остави впечаток уште при првиот контакт со купувачот. Без разлика дали станува збор за козметика, вино, прехранбен производ или луксузна амбалажа, изгледот на пакувањето често игра клучна улога во одлуката за купување.

Токму затоа, сè повеќе брендови инвестираат во специјални печатарски доработки кои не само што го подобруваат изгледот на производот туку и ја зголемуваат неговата перципирана вредност.

Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?

Зошто првиот впечаток е толку важен?

Повеќето купувачи ја формираат првата перцепција за еден производ за само неколку секунди. Во тој краток период тие не можат да го оценат неговиот квалитет, но можат да проценат дали изгледа премиум, професионално и доверливо.

Начинот на кој е изработена амбалажата испраќа порака за самиот бренд. Производ со внимателно избрани материјали и квалитетна доработка остава впечаток дека и неговата содржина е подеднакво квалитетна.

Моќта на допирот

За разлика од дигиталната комуникација, печатените материјали нудат нешто што не може да се доживее преку екран – чувство на допир.

Кога клиентот ќе земе производ во раце, тој ја чувствува текстурата на хартијата, мекоста на софт тач пластификатот, релјефот на логото или сјајот на фолијата. Овие детали создаваат емоционална поврзаност со производот и го прават поисклучителен.

Токму затоа, многу светски брендови ги користат специјалните доработки како дел од својата стратегија за градење препознатлив идентитет.

Топлотисок со фолија или 3Д фолија - кога сакате производот веднаш да привлече внимание

Топлотисок со фолија е една од најпопуларните премиум техники. Со помош на топлина и притисок, фолијата, која може да биде во различни бои, се нанесува врз одредени елементи од дизајнот.

3Д фолијата претставува современа техника за дигитална доработка, која за разлика од класичниот топлотисок се нанесува дигитално, без потреба од изработка на клише. Оваа техника оозможува создавање издигнати метализирани елементи со впечатлив тридимензионален ефект, кои се истакнуваат и визуелно и при допир.

Златната и сребрената фолија веднаш асоцираат на луксуз и ексклузивност, поради што овие техники се чест избор кај козметиката, алкохолните пијалаци, премиум амбалажата и производи наменети за подарок и најчесто се користат за истакнување на логото, името на брендот или декоративни детали.

Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?

Прег и вдлабнат релјеф

Прегот (Emboss) создава тридимензионален ефект со подигнување на одредени елементи над површината на материјалот, додека вдлабнатиот релјеф (Deboss) ги втиснува во самиот материјал.

И двете техники не ја менуваат само визуелната привлечност, туку додаваат и нова димензија преку допирот. Токму поради тоа често се користат кај визит-картичките, луксузните кутии, сертификатите и премиум етикетите.

Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?

Сепаратен 2Д или 3Д УВ-лак – игра на светлина

Сепаратниот УВ - лак е проѕирен сјаен лак кој се нанесува само на одредени делови од дизајнот, истакнувајќи ги деталите и создавајќи впечатлив визуелен ефект.

Кога ќе се комбинира со мат пластификат, се создава впечатлив контраст кој суптилно го насочува вниманието кон логото, фотографијата или друг важен елемент.

Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?

Велвет пластификат – чувство на луксуз

Велвет пластификатот не се препознава само по изгледот, туку и по чувството што го создава при допир.

Кадифената текстура веднаш асоцира на висок квалитет и софистицираност. Освен што ја подобрува естетиката, таа обезбедува и дополнителна заштита на печатениот материјал.

Доработките како дел од бренд-стратегијата

Специјалните доработки не треба да се гледаат само како декоративен елемент. Тие се алатка со која брендот комуницира вредност, квалитет и внимание кон деталите.

Во многу индустрии, особено кај козметиката, винската индустрија, премиум прехранбените производи и луксузната амбалажа, токму овие детали ја прават разликата меѓу производ кој останува незабележан и производ кој купувачот ќе го земе в рака.

Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?Како доработките ја зголемуваат вредноста на вашиот производ?

Заклучок

Добро осмислената доработка може значително да ја подобри перцепцијата за вашиот производ, да ја зајакне препознатливоста на брендот и да создаде искуство што клиентите ќе го паметат.

Понекогаш токму најмалите детали – сјајот на фолијата, текстурата на релјефот или мекоста на велвет пластификатот, се причината поради која еден производ изгледа премиум.