Етикети во ролна
Етикети во ролна
Етикетата е многу повеќе од носител на информации. Таа е првиот визуелен контакт со вашиот производ и важен дел од идентитетот на брендот. Добро изработената етикета привлекува внимание, гради доверба и придонесува производот да се издвои на полицата.
Во Пропоинт изработуваме етикети во ролна со врвен квалитет, прилагодени на различни индустрии и намени. Благодарение на нашите дигитални и офсет технологии за печатење, можеме да понудиме оптимално решение и за мали, и за големи тиражи, без компромис во квалитетот.
Без разлика дали станува збор за вино, жестоки пијалаци, храна, козметика, фармацевтски производи или индустриски производи, ќе ви помогнеме да создадете етикета која совршено ќе го претставува вашиот бренд.
- Самолепливи етикети во ролна
- Дигитално и офсет печатење
- Мали и големи тиражи
- Печатење во CMYK и Pantone бои
- Широк избор на материјали
- Премиум доработки
- Различни форми и димензии
- Ролни прилагодени за автоматска апликација
Предности на етикетите во ролна
Секој производ има различни барања, а изборот на вистинската технологија и материјали е клучен за конечниот резултат. Комбинацијата од современа опрема, богато искуство и широк избор на материјали ни овозможува да понудиме решение прилагодено на секој проект.
Останати услуги
Да го изработиме вашиот следен проект.