Видови доработка во печатењето

Добриот печат не завршува со нанесувањето на бојата. Начинот на кој производот изгледа, се чувствува при допир и се однесува при употреба во голема мера зависи и од неговата завршна доработка.

Лаковите, пластифицирањето, фолијата и прегот можат да обезбедат дополнителна заштита, но и целосно да го променат визуелниот карактер на печатениот производ.

Лак

Што претставува лакот во печатењето?

Лакот е транспарентен заштитен слој што се нанесува врз печатените материјали со цел да се подобри нивниот изглед и издржливост.

Тој може да се аплицира директно во текот на печатењето или како дополнителна завршна доработка.

Лакот ги нагласува боите и ја штити површината од гребнатини, траги од прсти, оштетувања, па дури и од мала влага.

Офсетен, воден и УВ лак

Во зависност од производот, материјалот и посакуваниот ефект, во печатењето се користат различни видови лакови.

Офсетниот лак создава тенок заштитен слој и претставува економично решение за подобрување на изгледот и отпорноста на печатениот материјал.

Водениот лак е премаз на водена основа кој брзо се суши и овозможува добра заштита на површината. Достапен е во сјајна и мат варијанта и е погоден за производи кај кои е важна брзата понатамошна доработка.

УВ лакот се стврднува веднаш под дејство на УВ светлина и овозможува поизразен визуелен ефект и високо ниво на заштита. Особено кај сјајните варијанти, може значително да ги нагласи боите и да создаде впечатлива, сјајна површина.

Видови на доработкаВидови на доработка

Изборот на лак зависи од материјалот, намената на производот, потребното ниво на заштита и визуелниот ефект што сакаме да го постигнеме.

УВ сепаратен лак

Сепаратниот лак се користи за истакнување на одредени делови од дизајнот, како што се логото, насловите или поединечни визуелни елементи.

Овој лак се суши со УВ светлина, при што се добива сјаен, благо издигнат или текстуриран ефект, кој може да биде 2Д или 3Д.

Видови на доработкаВидови на доработка

Пластификат

За максимална заштита и префинет изглед на печатениот материјал се користи пластификат, посебен пластичен слој кој се нанесува врз отпечатената површина. Достапни се повеќе видови на пластификат меѓу кои:

  • Сјаен – за силен сјај и високо ниво на заштита.
  • Мат – за мазна површина без одблесок.
  • Велвет – за мек, кадифен допир и премиум изглед.

Пластификатот ја зголемува издржливоста на материјалите како менија, корици на книги, амбалажа и други печатени производи што се користат често.

Топлотисок со фолија – класичен премиум ефект

Топлотисокот е техника при која со комбинација од топлина, притисок и специјално клише се пренесува фолија врз избрани делови од печатениот производ.

Најпознати се златната и сребрената фолија, но достапни се и други бои на фолии.

Топлотисокот овозможува чист и прецизен метален ефект кој особено добро ги истакнува логоата, типографијата и декоративните детали.

Поради својот карактеристичен изглед, често се користи кај премиум амбалажа, визит-картички, покани, корици и други производи кај кои деталите треба веднаш да привлечат внимание.

Видови на доработкаВидови на доработка

3Д фолија – метален ефект со релјеф

3Д фолијата го комбинира визуелниот ефект на метализираната фолија со изразена релјефна структура.

За разлика од класичниот топлотисок, во Пропоинт 3Д фолијата ја нанесуваме дигитално, без потреба од изработка на класично клише. На тој начин логото, текстот или декоративните детали добиваат сјај, длабочина и издигната површина која се чувствува при допир.

Видови на доработкаВидови на доработка

Прег/ Вдлабнување (Emboss / Deboss) – релјеф создаден во самиот материјал

Прегот е техника со која одреден елемент од материјалот физички се обликува со помош на притисок и специјално изработени алати.

Кај прегот (emboss) елементот се издигнува над површината, додека кај вдлабнувањето (deboss) се втиснува навнатре.

Ефектот може да биде дискретен или изразен и создава дополнителна игра на светлина и сенка, како и карактеристично чувство при допир.

Прегот може да се користи самостојно, без боја или фолија, но и во комбинација со топлотисок за уште повпечатлив резултат. Најчесто се применува на логоа, наслови и декоративни детали кај премиум печатени производи.

Видови на доработкаВидови на доработка

📩 Ви треба помош?

Во Пропоинт, ви помагаме да го изберете вистинското решение за доработка, со цел да го подобрите изгледот и издржливоста на вашиот печатен материјал.