Квалитетниот печат почнува со правилно подготвен фајл. Без разлика дали печатите визит-картички, каталози, амбалажа или етикети, правилната подготовка на печатните материјали е клучна за да добиете беспрекорен краен производ.

Во продолжение ви ги претставуваме најважните правила и препораки кои ќе ви помогнат да избегнете најчести грешки и да го олесните процесот на печатење.

Подгответе ги материјалите во професионални програми

За најдобри резултати, препорачуваме подготовката да се изработи во професионални графички програми како:

  • Adobe Illustrator (за сите)
  • Adobe InDesign (за фајлови со повише страни)
  • Adobe Photoshop (за фотографии)
  • CorelDRAW

Фајловите најдобро е да се достават во PDF формат, бидејќи тој обезбедува сигурен пренос на сите графички елементи, фонтови и бои.

Користете CMYK, а не RGB

Една од најчестите грешки е подготовка на фајлот во RGB колор простор.

Мониторите прикажуваат RGB бои, додека професионалното печатење се изведува во CMYK.

Доколку документот е подготвен во RGB, при конверзијата може да дојде до промена на нијансите и конечниот отпечаток да изгледа различно од тоа што го гледате на екранот.

Како правилно да подготвите фајл за печатење?Како правилно да подготвите фајл за печатење?

Додадете обрез (bleed)

Доколку дизајнот е до самиот раб на производот, задолжително е да се додаде обрез.

Препорачаниот обрез е 3 мм од секоја страна.

Овој дополнителен простор овозможува прецизно сечење без појава на несакани бели линии по рабовите.

Како правилно да подготвите фајл за печатење?Како правилно да подготвите фајл за печатење?

Користете слики со доволна резолуција

Сите фотографии и растерски елементи треба да имаат минимална резолуција од 300 DPI.

Фотографии преземени од интернет најчесто имаат 72 DPI и не се погодни за професионално печатење.

Како правилно да подготвите фајл за печатење?Како правилно да подготвите фајл за печатење?

Користете векторска графика кога е можно

Логоата, иконите и илустрациите најдобро е да бидат во векторски формат, бидејќи можат да се зголемуваат без губење на квалитетот.

Најчести векторски формати се:

  • AI
  • EPS
  • SVG
  • PDF
Како правилно да подготвите фајл за печатење?Како правилно да подготвите фајл за печатење?

Испратете ни ги фонтовите или претворете ги во криви

Доколку фонтот не е во криви во документот или испратен на нас, постои можност при отворање на фајлот да биде заменет со друг.

За да го избегнете ова:

  • претворете ги фонтовите во криви (Outlines) – во Illustrator: Object → Flatten Transparency → Convert All Text to Outlines
  • или испратете ни ги фонтовите.

Подготовка за специјални доработки

Доколку проектот содржи:

  • Сепаратен УВ-лак
  • Топлотисок со фолија
  • 3Д фолија
  • прег (Emboss) или вдлабнување (Deboss)
  • штанцање

потребно е тие елементи да бидат подготвени во посебни слоеви (layers) и вклучен “overprint” или посебни страници во PDF-документот.

Ова овозможува прецизна изработка на сите доработки.

Контролна листа пред испраќање

Пред да ни ги испратите материјалите, проверете дали:

  • Документот е во PDF-формат
  • Боите се во CMYK
  • Bleed (обрез) е поставен на 3 mm
  • Сликите се со минимум 300 DPI
  • Фонтовите се испратени или претворени во криви
  • Сите линкови и слики се ембедирани “embedded”
  • Доколку има специјални доработки, тие се означени во посебни слоеви со overprint

Потребна ви е помош?

Доколку не сте сигурни дали вашите материјали се правилно подготвени, нашиот тим ќе ги прегледа и ќе ве советува пред да почне печатењето.

Така ќе бидете сигурни дека конечниот производ ќе изгледа токму онака како што сте го замислиле.