Пропоинт

Пропоинт е една од најголемите и најнапредни печатници во Македонија

Пребарај
Контакт
Телефон +389 2 306 3875
Електронска пошта info@propoint.com.mk
Локација ул. 1520 бр. 12-а, Пинтија, 1000 Скопје
Следете нѐ
Контакт
Телефон +389 2 306 3875
Електронска пошта info@propoint.com.mk
Локација ул. 1520 бр. 12-а, Пинтија, 1000 Скопје
Следете нѐ
Искуство
30+
години искуство и постојана иновација
Запознајте нѐ

Повеќе од печатница – партнер во создавањето на вашиот бренд.

★★★★★
★★★★★

Имаме одлично искуство од соработката, која се одликува со висок професионализам, почитување на роковите и врвен квалитет на изработка на печатените материјали. Тимот е с...

Тони Савески
Тиквеш
+
години искуство
+
машини
+
активни клиенти
m²
производствен простор
Нашите услуги

Од идеја до готов производ.
Сѐ под еден покрив.

Предпечат и дизајн

Предпечат и дизајн

Од идеја до технички подготвен фајл за сигурен и квалитетен печат

Повеќе
Офсет печат

Офсет печат

Врвен квалитет, прецизни бои и најдобар избор за големи тиражи

Повеќе
Етикети во ролна

Етикети во ролна

Висококвалитетни етикети за секој производ

Повеќе
Дигитален печат

Дигитален печат

Брза изработка, флексибилност и идеално решение за мали тиражи

Повеќе
Финална доработка

Финална доработка

Деталите што го претвораат печатот во впечаток

Повеќе
Испорака и логистика

Испорака и логистика

Сигурна испорака и професионално организирана логистика

Повеќе
Портфолио

Печат што остава впечаток.

Од етикети и амбалажа до книги и промотивни материјали – погледнете дел од производите што ги изработуваме за нашите клиенти.

Повеќе од 1000 задоволни клиенти кои работат со Пропоинт
Пропоинт – производство

Што велат нашите клиенти.

4.9

★★★★★
★★★★★
(оценка од нашите клиенти)

Имаме одлично искуство од соработката, која се одликува со висок професионализам, почитување на роковите и врвен квалитет на изработка на печатените материјали. Тимот е секогаш посветен, флексибилен и подготвен да одговори на нашите барања. Искрена препорака за сигурен и квалитетен партнер.

Тони Савески

Тиквеш

Со компанијата Пропоинт имаме одлична и долгогодишна соработка. Ја цениме нивната професионалност, високиот квалитет на материјалите, почитувањето на договорените рокови и посветеноста на нашите потреби. Пропоинт е сигурен и доверлив партнер кој со задоволство го препорачуваме.

Маја Давчева

Реплек

За една маркетинг агенција од огромна важност е да има високо квалитетен и доверлив партнер во принт индустријата. Ние тоа го најдовме во Пропоинт и имаме беспрекорна соработка која трае многу години. Особено ја цениме професионалноста на тимот во Пропоинт, кој е секогаш достапен да одговори на нашите барања и ни дава сигурност со својата ефикасност и експедитивност. 

Борика Крушарева

Дивисион

Со Пропоинт успешно соработуваме повеќе од 10 години. Во текот на нашата долгогодишна соработка, постојано ја потврдуваат својата професионалност, посветеност и висок квалитет на услугите. Особено ги цениме нивната навременост, одговорност и подготвеност секогаш да излезат во пресрет на нашите барања. За нас, Пропоинт е сигурен и доверлив партнер кој со задоволство го препорачуваме.

Јасмина Бошковска

Магрони

Соработката со ПроПоинт е вистинско задоволство. Тимот е исклучително експедитивен, секогаш достапен за совет, насока и корисни сугестии. Работат во кратки рокови, без компромис во квалитетот, и секојпат испорачуваат беспрекорно изработени материјали. Нивната професионалност, посветеност и сигурност создаваат доверба, поради што со задоволство ги препорачуваме како партнер на кој секогаш може да се потпрете.

Сашо Нефовски

ОК ИДЕА

ИДЕА Плус е агенција со долгогодишно искуство и високи очекувања кога станува збор за печатени материјали и финална продукција. Токму затоа навистина многу ја цениме соработката со Пропоинт, партнер кој континуирано испорачува квалитет, прецизност и професионална поддршка во секоја фаза од процесот. Нивната посветеност кон деталите и роковите ја прави соработката сигурна, лесна и ефикасна.

Илија Мицковски

Идеа Плус

Нашата соработка се одвива беспрекорно од самиот почеток. Тимот секогаш ги исполнува договорените рокови, комуникацијата е брза, јасна и професионална, а достапноста и подготвеноста за соработка се на највисоко ниво. Особено го цениме квалитетот на нивната работа и вниманието што го посветуваат на секој детал. Благодарение на нивната посветеност и професионален пристап, секој проект е реализиран успешно и според нашите очекувања.

Луна Шотаровска

Камник

“Искрено ја ценам нашата соработка. Вашата љубезност, посветеност на деталите и професионалност го прават секој проект пријатен и лесен за работа. ”

Бојан Ивановиќ

БРИГАДА

“Со задоволство ја препорачуваме печатница Пропоинт како сигурен и професионален партнер. Во текот на нашата соработка континуирано покажуваат висок квалитет на изработка, навремена реализација и професионален пристап. Особено ја цениме лесната комуникација во целиот процес.”

Нина Маркудова

РИГО ИМПЕКС ДОО

"Пропоинт е наш долгогодишен партнер и компанија со која со задоволство соработуваме. Нашиот избор да работиме со нив се темели на повеќе важни причини — професионалниот однос кон клиентите, високиот квалитет на изработка и нивната постојана подготвеност да предложат нови идеи, техники и решенија кои придонесуваат кон поголема иновативност во процесот на работа.

Она што особено го цениме е што како компании споделуваме исти вредности — посветеност на квалитет, одговорност и одржлив пристап. Токму затоа, Пропоинт секогаш е наш прв избор како зелена и социјално одговорна компанија."

Натали Ристовска

YOVA

30 години искуство

Три децении успешно ги претвораме идеите во производи со врвен квалитет, прецизност и внимание кон секој детаљ.

Современа технологија

Постојано инвестираме во нова опрема и технологии што ни овозможуваат поголеми можности во печатењето и доработката.

Сигурен партнер

Од идеја до финален производ, нудиме професионална поддршка, навремена испорака и решенија прилагодени на потребите на секој клиент.

Имате прашање?

Јавете ни се

+389 2 306 3875

Немаме минимална количина на нарачка. Нудиме изработка и на мали и на големи тиражи. Потребно е да се има предвид дека кај помалите количини цената по парче е повисока, додека кај поголемите тиражи производството е поекономично.

За да добиете понуда, испратете електронска пошта на propoint@propoint.com.mk, во којшто ќе ја наведете количината која сакате да ја нарачате, материјалот и доработките (пластификат, лак, 2Д или 3Д ув лак, прег, топлотисок со фолија...)

Лакот се нанесува како тенок заштитен или декоративен слој директно врз печатот, додека пластификатот претставува тенок филм кој дополнително ја штити површината и создава различен визуелен и тактилен ефект.

Да. Повеќе техники можат да се комбинираат за да се постигне посебен визуелен и тактилен ефект. Изборот на комбинацијата зависи од производот, материјалот и посакуваниот изглед.

Некои техники бараат дополнителни производствени чекори, па можат да влијаат на рокот на изработка. При секој проект однапред ве информираме за времето потребно за производство.

Да. Пред започнување на производството се проверуваат основните технички параметри, како димензии, бои, резолуција, фонтови, обрез и поставеност на елементите.

Во зависност од видот и обемот на грешките, нашиот тим може да изврши технички корекции или да ви даде насоки што треба да се промени. Поголеми дизајнерски интервенции се договараат дополнително.

Основните правила се слични, но техничките барања може да се разликуваат според машината, форматот, материјалот и доработката. Затоа секој фајл се проверува според конкретниот производствен процес.

Image
Седиште:

ул. 1520 бр. 12-а, Пинтија, 1000 Скопје

Тел: +389 2 306 3875 Електронска пошта: info@propoint.com.mk
Контакт

Пишете ни.

Следниот впечатлив проект може да биде вашиот.