Финалната доработка е последниот чекор во процесот на производство, но често е токму таа што го остава најсилниот впечаток. Со внимателно избрани техники, печатениот производ добива дополнителна визуелна и тактилна вредност, истакнувајќи го брендот, дизајнот и пораката.
Во Пропоинт нудиме широк избор на премиум доработки кои го збогатуваат изгледот и функционалноста на производот. Без разлика дали станува збор за луксузна амбалажа, етикети, каталози, визит-картички или промотивни материјали, вистинската доработка може значително да ја зголеми нивната вредност.
Нашите техники за доработка
- Лак (мат, сјаен и сепаратен 2Д и 3Д УВ лак)
- Пластификат (мат, сјаен и велвет)
- Топлотисок со фолија
- Прег (Emboss)
- Вдлабнување (Deboss)
- Штанцање
- Бигување, превиткување и лепење
