Офсет печатењето е една од најкористените и најпрецизни технологии во графичката индустрија. Благодарение на неговата прецизност, конзистентност и можност за печатење на големи количини, тој е идеален избор за компании кои не прават компромис со квалитетот.

Во Пропоинт користиме современи Heidelberg офсет машини кои обезбедуваат извонредна репродукција на боите, остри детали и беспрекорен резултат на секој отпечатен примерок.

Без разлика дали станува збор за каталози, брошури, амбалажа, етикети, папки или корпоративни материјали, офсет печатењето овозможува врвен квалитет и оптимална цена при средни и големи тиражи.

 

  • Печатење со плочи
  • Длабочина и прецизност на бојата
  • Идеално за големи тиражи
  • Печатење во CMYK и Pantone бои
  • Конзистентен квалитет
  • Голем формат на печатење
  • Прецизна репродукција на бои

Предности на офсет печатењето

Изборот на технологија за печатење зависи од видот на проектот, тиражот и очекуваниот резултат. Офсет печатењето нуди низа предности кои го прават одлично решение за широк спектар на печатени материјали.