"Пропоинт е наш долгогодишен партнер и компанија со која со задоволство соработуваме. Нашиот избор да работиме со нив се темели на повеќе важни причини — професионалниот однос кон клиентите, високиот квалитет на изработка и нивната постојана подготвеност да предложат нови идеи, техники и решенија кои придонесуваат кон поголема иновативност во процесот на работа.
Она што особено го цениме е што како компании споделуваме исти вредности — посветеност на квалитет, одговорност и одржлив пристап. Токму затоа, Пропоинт секогаш е наш прв избор како зелена и социјално одговорна компанија."