Пропоинт

Пропоинт е една од најголемите и најнапредни печатници во Македонија

Пребарај
Контакт
Телефон +389 2 306 3875
Електронска пошта info@propoint.com.mk
Локација ул. 1520 бр. 12-а, Пинтија, 1000 Скопје
Следете нѐ
Контакт
Телефон +389 2 306 3875
Електронска пошта info@propoint.com.mk
Локација ул. 1520 бр. 12-а, Пинтија, 1000 Скопје
Следете нѐ

Етикети во ролна

Етикети во ролна

Етикети во ролна

Висококвалитетни етикети за секој производ

Етикетата е многу повеќе од носител на информации. Таа е првиот визуелен контакт со вашиот производ и важен дел од идентитетот на брендот. Добро изработената етикета привлекува внимание, гради доверба и придонесува производот да се издвои на полицата.

Во „Пропоинт“ изработуваме етикети во ролна со врвен квалитет, прилагодени на различни индустрии и намени. Благодарение на нашите дигитални и офсет технологии за печатење, нудиме оптимално решение за мали и големи тиражи, без компромис во квалитетот.

Без разлика дали станува збор за вино, жестоки пијалаци, храна, козметика, фармацевтски или индустриски производи, ќе ви помогнеме да создадете етикета што совршено ќе го претставува вашиот бренд.


  • Самолепливи етикети во ролна
  • Дигитално и офсет печатење
  • Мали и големи тиражи
  • Печатење во CMYK и Пантон бои
  • Широк избор на материјали
  • Премиум доработки
  • Различни форми и димензии
  • Ролни прилагодени за автоматска апликација
Етикети во ролна
Етикети во ролна

Предности на етикетите во ролна

Секој производ има различни барања, а изборот на вистинската технологија и материјали е клучен за конечниот резултат. Современата опрема, нашето богато искуство и широкиот избор на материјали ни овозможуваат да понудиме решение прилагодено на секој проект.


01.
Прилагодено на вашиот производ

Секоја етикета се изработува според специфичните потреби на производот, од изборот на материјал и лепило до форматот, доработката и начинот на апликација.

02.
Решение за секој тираж

Со дигитални и офсет машини можеме да изработиме и помали и големи количини, избирајќи ја технологијата што нуди најдобар сооднос меѓу квалитет, рок и цена.

03.
Премиум изглед и издржливост

Комбинацијата од висококвалитетен печат, специјални материјали и премиум доработки овозможува етикетите да изгледаат впечатливо и да бидат отпорни при различни услови на употреба.


Најчесто поставувани прашања

Изработуваме етикети за вина и жестоки пијалаци, вода и сокови, прехранбени производи, козметика, фармацевтски производи, хемиски средства, индустриски производи и за многу други производи.

Не. Нудиме изработка и на мали, и на големи тиражи. Треба да се има предвид дека цената по етикета е повисока кај помали количини, додека производството е поекономично кај поголеми тиражи.

Нашиот тим ќе ја избере најсоодветната технологија врз основа на количината, материјалот, дизајнот и рокот за испорака, за да добиете најдобар квалитет и најисплатливо решение.

Нудиме богат избор на премиум самолепливи материјали, вклучувајќи специјални вински хартии со различни текстури и карактеристики, увезени од водечки европски производители. Нашиот тим ќе ви помогне да го изберете материјалот што најдобро одговара на вашиот производ и бренд.

Да. Во зависност од проектот, можеме да понудиме топлотисок со фолија во различни бои, прег и 3Д сепаратен лак, кои дополнително го истакнуваат производот.

Да. Ролните се произведуваат според барањата на вашиот систем за автоматско етикетирање, вклучувајќи го дијаметарот на јадрото, насоката на намотување и надворешниот дијаметар на ролната.

Да го изработиме вашиот следен проект.